надеЖта последна умира

Пред неколку години добив телефонски повик, а таму еден женски глас:

- Ало, ние сме од втор пензиски столб, дали сте заедно со другите новопримени колеги <неколку имиња>?
- Не, не ги знам нив.
- Добро тогаш, пошто ќе одам на одмор утре, ќе ве побарам по 2 недели.
- Важи.

Сеуште го чекам тој втор повик… шмрк…

Дури и кога стигна пошта дека автоматски ми го сместиле вториот фонд.

Сеуште го чекам тој втор повик… шмрк…

Иако сега имам double fund penetration не отидов да видам каде…

Сеуште го чекам тој втор повик… шмрк…

Животот е суров…. Бирократијата е доказ за тоа…. ШМРК!

Танцот на карлиците

Ја пукаш невиноста на твојата фантазија со реалната слика на човекот што го запознаваш.

Најголем број запознавања се ко one night stands, едновечерни ебачини. Најголем број од нив разочарувања. Ко првио пат секс – да си го мислел долго време како ќе биди, а вистинското не ти влезе ни до пола од очекуваното. После… седиш… мислиш… споредуваш… – шо очекував? Мал број од нив се наопаку. Запознавањата I mean!

Ко веќе пробано, видено, стопати претходно, не очекуваш ништо ново, ама…. те погаѓа ОНА, уште не знајш шо е, ама тука е, пред тебе… Сакаш уште, немаш збор, немаш мислење…

Ти фали уште, повеќе.

Делот на потребата од близина, од мислењето дали мислењето на останатиот е добро за тебе. Делот од тебе шо го гледаш се повеќе да се одразува во другиот. Дали ти стануваш огледало на другиот исто како и тој од тебе?

Слаткиот звук на стенкање – одвратното потсетување на комшијата дека седи сам, на ладно и не фантазира поради телевизорот е одраз на вашите муабети врз оние што слушаат реченица/две и не можат да ве „сконтаат“.

Редењето станува позабрзано, здивовите подлабоки.

Шо да прајш со чоек шо можи да биди сѐ, ама не е ништо од она шо го сакаш во моментот? Најголем број луѓе се залажуваат, мислат дека пријателите се тука за да ги исполнат нивните желби, не мислат: „Еј, чекај… Можи и овој очекува нешто од мене. Шо мож’ да биди?“

Побрзо, повеќе, подлабоко! Уште колку можиш да издржиш?

Се бара некој да напрај ваква со наслов Things to Say During Friendship.thingstosayduringsex diagram Танцот на карлиците

Клучот е да знајш шо сака некој, да го употребиш како валута за да го добијаш она шо го сакаш. Трговци на пријателство. Секој пријател е трговец: даваш од она шо го имаш многу за да го добијаш она што другиот го има многу.

Е?

Кога бараш од она шо другиот го има малку, или не ти се дава од она шо го имаш малку? Шо да му дајш кога не знајш шо сака? Шо да му дајш кога не го сака она шо другите се радуваат да го добијат од тебе? Како да го добијаш она шо мислиш дека можи да ти го дај ако не покажува интерес? Зарем не го гледам она што треба?

Е тогаш иди превојот. Моментот кога се прекршува. Делот после врвот.

Уште се сеќаваш како беше најдоброто, ама брзо избледнува. Се полесно можиш да го забележиш кога бил тој момент. Моментот некои го доживуваат како машки оргазам, од 100 до нула за 3.46 секунди, или женски, ко ноќно ладење шасија после цел ден возење на 45 во сенка, ама ова на сонце.

Можи најголемиот сексуален орган, кожата, барем кај жената е во добар процент искористен. Ама најважниот, мозокот, тој ствара работа која што некогаш е уметност, некогаш пријатна, некогаш погана, ама секогаш ужасна за спознавање:

УМ.

Кај секој човек тој ѕвер е гладен, ненасушна глад, како загорен ебач, бара да споеби се шо е добро и свето, да ги групира луѓето, да ги класира во две три генерализации и да ги отпиши како добри за мене, лоши за тебе, уствари кој те ебе…

Треба да си го истетовираме на газот од дланката Remember Kili?

Не си свесен кога преминува во спортско ебење, но го забележуваш неговото отсуство, а за да го ебиш пријателот правилно, треба време? Кој те ебеее?

А после… останува суво. Ќе се сретните, кога-тогаш и такви работи ќе ти се случат. Сув стап муабет. Е така е.  „шо-прајш-како-си?“ (во еден збор) „шојма ново?“ (во два) неугоден молк (во илјада збора). Време има ново!

Шо сакаш за одговор? Да-ли бараш одговор?

Реторички муабет. Дали јас знам шо знајш и до каде за да знам шо ти е ново? Eеееј, дали мислиш дека давам секунда од мојов живот да му ја мислам шо знајш?

not a single fuck Танцот на карлиците

Дали и тебе не ти текнува моментот на прекршување? Моментот кога падна срчата на асфалт? Шо туку газиш бос врз него? Очекуваш да поминиш без срчи заглавени в пета?

АФКОРС дека нема овие да ти ги кажам. Не за друго, арчење здив (ко шо каже америкАнац). Ама барем едно нешто знам, во знак на минатото, во знак на делот од животот посветени еден на друг наречен „пријателство“: нема да ти кажам не ми е гајле, тоа ќе те боли појќе, зато, терај си, мисли си дека те мразам. Така барем ке се лажиш себе си дека вредиш некому нешто, а јас нема да те ограбам од илузијата како што ме ограби од вистината.

П.С.

Колку е тешко да си искрен кога не те слушаат можиш да научиш само во моментот кога ќе го забележиш нивниот поглед врз тебе ко кон барокен споменик на нивната некогашна глупост, кога ќе се потсетат дека еднаш си знаел подобро од нив што ќе направат и не сакале да те послушаат пред да се заебат.

Дневник

Средата навечер ми изгледаше дека се однесува чудно. Уште утрото се договоривме да се најдеме на пијалак. Цел ден го минав со пријателките на шопинг, па мислев дека е нервозен заради тоа што малку задоцнив, меѓутоа тој ништо не прокоментира.

Разговорот некако не ни одеше, па му реков да се преместиме на некое потивко место каде што ќе може да зборуваме. Тој се согласи но остана тивок и отсутен. Го прашав што е проблемот, тој рече ништо. Го прашав дали е моја грешка што е вознемирен. Тој рече дека не е до мене и да не се грижам.

На пат кон дома, му кажав дека го сакам, тој едноставно се насмеа и продолжи да вози. Не можам да го објаснам неговото однесување, не знам зошто не ми рече дека и тој ме сака.

Кога дојде дома се чувствував како да сум го изгубила, како да не сака да има ништо со мене. Само седеше и гледаше во телевизорот, повторно целиот далечен и отсутен.

Конечно решив да си легнам, околу 10 минути подоцна и тој дојде во кревет. На изненадување, тој реагираше на моите провокации и водевме љубов, меѓутоа се уште беше изгубен и со мислите на друго место. Решив дека повеќе не можам да го толерирам и одлучив да го конфронтирам, но тој веќе беше заспан. Почнав да плачам и плачев се додека не заспав. Не знам што да правам, речиси сум сигурна дека неговите мисли се со некоја друга. Мојот живот е катастрофа.

*******

Во неговиот дневник пишуваше само:

Денес Арсенал испадна од Лигата на шампиони, ама барем ебев.

*******

Секоја чест на авторот на ова дело. Кој и да е.

Мишка

Мирисав долго под твојата мишка
од тебе до мојот нос
низ влакно по влакно
мирисав до другата мишка

По пат, по смрдеа по мишка
макав со лебот од мишката твоја
пиев од потта на твојата мишка

Мирисни ти моиве смрдени мишки
што пареат по моето лице,
не гледај ги овие нерамнини на грбот
ми ги засмрди алиштата.

Погледај ги овие мишки
два извора
две реки
на смрдлива реа

Погледај ги овие мишки
две влакнести
две полиња потнородни

Смрдеше долго, цела вечност
од тебе до мојот нос

А сé се случи денес
денес кога те помирисав
денес кога помина крај мене

Кога мислам на твоите мишки
паѓам потонувам во високи треви
во треви и густа мов
исполнети со реа.

И сега си срам
пред класот од болка и човештина
на патиштата што не ги знаеш

Ти дојде како потоп од мишките твои
мрсна вода на болештината
од која се боледува довек

Водо непроѕирна, водо црна
таа ти ги даде тој мирис
на таа реа смрдлива и страшна
што го обвива твоето мрсно тело
како тртник на дива свиња

Кој тоа крај тебе седи и раце на нос реди
кој ти ја мириса реата
кој ти ја бриши потта
која се реди ко пласт врз пласт
која го руши ѕидот на мојот нос

Стара преработка на „Небиднина“ (Ацо Шопов) од средношколци

Кај си бе Гоки

true story Кај си бе Гоки

Ко имав неколку години, на една рака се броеја, ич неЈЧев да ме викаат Гоки. Детска работа, ни знам сега оти, само дека се лутев. И ме завикаЈА, нормално, Горан.

Ова го заборајФ. Едно двајсе години мож…

Ама еднаш, кога внука ми Мила имаше мож напола од тие мои неколку години, че речеше Гоки и мајка ми, ко шо си играше по цел ден со неа, че ја попраеше „Не Гоки, Горан“.

И малата ме завика Горан icon smile Кај си бе Гоки

Ми текна дека, сите овие години, мајка ми, покрај она шо ме сакала и ко сум бил најубав (на струшки) и најгаден, секош ме поштовала. Дури и се сетив дека Не се викам Александар или нешо слично за да не ми го касапи името кој како че стигни.

Прекаро од презимето го добив icon smile Кај си бе Гоки

После години, значи лани, се случи да ми речи колегата Гоки два-три пати и па’ ми текна на она горе. Решив, ко сум можел да бидам до толку да ја натерам мајка ми, а поради то и внука ми да не ме вика’ така, никој друг не мож да има поЈЧе привилегија па му кажав: „слушај чоек, вака и вака е работава, не дека се лутам, ама е мое поштовање кон мајка“.

Барем толку заслужила жената!

Ама, така во Штип сите си се викале? Нема врска, туЈЏа навика <> привилегија кај мене. Па така ми остана, ко че му се отпушти некој да ми речи:

  • еднаш Гоки – океј,
  • два пати – че спомнам pliz don’t call me that,
  • три пати – че си ја кажам приказнава.

Епа поЈЧе од то да ти кажам за поштовање и да не поштоваш, е то е веЈЧе сељачење. Мислам просто е де… не барам ѕвезди симнување, види колку е лесно да не наречиш некој, и види колку е тешко да речиш.

Нишо посебно, ама добро семафорче да сетиш дал’ некој те дума (не по радовишки) или кур ‘о боли за тебе.

Штедачите

Се к’ти ноќта црна!
Се рути струја – ЕВН!
И светла в село темнат
и парата се брои -
над Скопје Водно спие
и рестрикција ни е
силно
светнал
крст!

Коста преку Бане

#2 Се к'ти ноќта црна! Се рути карпа - мрак! ... силно светнал КРСТОТ! #скопјеМРАК #штедиме
twiter 192 so crveni linii so vrapce NEW 2012 2stop acta normal Штедачите
@banekoma
Neb. Gelevski - Bane

Една такса, друга такса

Песната шо не ми ја пуштија оти не се вратија НА БИС БЕ оти панќерите шо Диоген со боринче вчера ги бараше трчаЈа надвор за цигара ко лебарки од светло изгорени.

Пишале, нешто како „тука кај шо стојш, танцуваја диносауруси, танцуваја партизани итн итн“. Епа не знам за партизаниве во која шума се кријале (оти прв ме отепАа), ама диносаурусиве ако не пливале, не не танцувале овде.

ШОКАНТНО ама ко имало диносауруси по земјава, земјава наша не била земја, само дно оќеана, можи со барокни шкрилци ама гарант угол вода потоп. #ж-данк

И така едно сабајле требаше да одам натака, ама не знев кај е натака, па место од осум ја отворив фи дванајска сато, то дур ја најдам девојчето со информацјата, па скокам во такси и старичот ми вели:

- Каде?

Ја му одговарам:

- МКЦ.

- МПЦ ?!?!?!?

Па УМПЦ си велам „зар до црква од Рамстор со такси Че одев?“.

- Сврти овде низ паркингов, па Бристол и право МКЦ.

Ме гледа бледо, изгледа ме слушнал ама не ме сфатил, „чоеков треба да се дебагира?“.

- Кино Фросина.

- АААААА….

Пак бледо ме гледа, „абе ако не ме разбра не прај блажена фаца на олеснување, кажи си ебате“. Одиме герилски:

- Зад телевизија, кај курвите

- ААААААА!

Конечно се разбравме. Имаме извичник, место три точки и фаца задоволка. Ама од задоволство му премина во коцкесто-трапезоидно измерување во рок од 30 секунди, па ми мава една:

- Ти не си одовде, а ?

„Како ме позна бе старичу, до толку изгубено ти изгледав? Ват ан анбеливабл конверзејшн опенер“

- Не, не… од Прилеп сум.

Мала диверзија (или се викаше компликација?), по месец-два ко требаше пак да одам натака, друг таксист ми вели:

- МКЦ?

ЈА од пушка, ко стихотворбата од цела вечер повторување сабајлето од спиење да ја проверувам:

- Зад телевизија, кај курвите.

Обострано смајли. Се разбравме. Мишн акомплишт.

И шо беше муабето… Абе, глеј… убо му текнало, закачиле текст со пораки шо се моташе на рипит едно цело време дури свиреја. јаки мисли, џабе не ги запамтив сите, ама една јако ја смотаја:

МПЦ vs МКЦ?

Па си велам, епа брате минатогодишен таксист, или Стојче од Свирипичино, па и дечко од Коцеличино, да ти кажам ако случајно си за МПЦ место МКЦ: од тебе децата ќе страдаат дури си прајш арно за себе и бајрам со умо дека е за нивно добро.

ПОДАЛЕКУ ОД ПОП МУЗИКА

Снег и сол

Огинот треперливо ги бои ѕидовите час бледо жолтеникаво, час жар црвено, а под ќебето испарува заспаниот здив. Некаде тивко во позадината свири музика додека стоиш крај прозорот во ништо освен омилениот џемпер. Чури течноста под твојот нос, но единствено што забележуваш е како надвор снегулките ги посолуваат гранките пред да легнат на белиот јорган.

Debussy, Arabesque #1, Piano Solo